Вие имате прво да ја знаете вистината

Легендарниот Нокиа 6310 телефон се врати, 20 години по оргиналното издание на популарната Цигла (видео)

Добро познатата Цигла се враќа во ново издание за да ја одбележи дваесетгодишнината од претставувањето на оригиналниот модел.

HMD Global, домот на телефоните на Nokia, ја објави достапноста на новиот телефон Nokia 6310. Уредот доаѓа во оригиналната форма на телефонот Nokia 6310, со карактеристична батерија која може да трае со недели помеѓу две полнења, издржливо куќиште и класичната игра Snake од 90-тите. 

Nokia 6310 доаѓа со суптилни промени како модерни функции, вклучувајќи поголеми копчиња, зголемено мени и безжично FM радио. Новиот телефон е редизајниран, со поголеми копчиња и екран. Има силно куќиште од поликарбонат, според компанијата, доволно силно за да ги издржи предизвиците на секојдневната употреба.

Адам Фергусон, директор за маркетинг на производи во HMD Global, рече: Не ги правиме како порано е фраза од која се откажавме. Ние продолжуваме да го обезбедуваме тој препознатлив квалитет на градба кога станува збор за сите наши уреди. Неодамна го претставивме нов Nokia XR20, паметен телефон кој може да издржи сè што животот го става пред него, што за мене е телефонот Nokia 3310 во паметен телефон за модерното време, а сега телефонот Nokia 6310 се врати и подобар од кога било досега, рече Фергусон.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!