Мајката на Ѓоковиќ искрено за врската со Јелена и несогласувањата: Не мислела дека ќе се ожени со неа, а за оваа работа не ја поддржува
Дијана Ѓоковиќ, мајката на првиот светски рекет, отворено проговори за врската со сопругата на Новак, Јелена.
Како млад човек кој игра тенис, немаше време да се забавува. Повеќе беше на пат отколку дома. Запозна девојка која беше одбојкарка од Краљево. Тие беа деца. Подоцна ја запозна Јелена , кога имаа 18 години. Не мислев дека ќе се ожени. Но тој ме демантираше и се ожени со Јелена, изјави Дијана Ѓоковиќ за српските медиуми, пренесува Курир. Дијана призна дека не се согласува во се со Јелена.

Нормално и природно е Јелена да превземе некои работи. Не би било добро јас да се мешам. За жал, тие ретко доаѓаат, создадоа свое семејство и оаза, а Јелена некои работи ги прави на свој начин. Имаме и разлики, особено кога станува збор за исхраната, која не ја поддржувам, призна Дијана Ѓоковиќ во една емисија за Блиц.
Новак и Јелена се запознале во 2005 година на тенискиот турнир во Белград , а три години подоцна влегоа во љубовна врска за да ја легализираат во 2014 година. Нивната љубов им го подари синот Стефан и ќерката Тара .