Вие имате прво да ја знаете вистината

На кого можеби ќе му биде потребна четврта доза вакцина против Ковид 19 !?

Луѓето со одредени здравствени проблеми поради кои се умерено или тешко имуно-компромитирани би можеле да ја примат и четвртата mRNA вакцина против коронавирусот односно Ковид 19, според ажурираните соопштенија на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC).

CDC одобри трета доза за одредени имуно-компромитирани лица на возраст од 18 и повеќе години во август. Кажано е дека ова е трета доза, а не бустер доза, CDC прави разлика помеѓу двете и вели дека е неопходно бидејќи имуно-компромитираните можеби немале целосен имунолошки одговор од првите две дози.

Студијата на Универзитетот Џон Хопкинс ова лето покажа дека вакцинираните луѓе со ослабен имунитет имаат 485 пати поголеми шанси да завршат во болница или да умрат од Ковид 19 во споредба со повеќето вакцинирани луѓе, пренесува CNN.

Во мали студии, според CDC, целосно вакцинираните имуно-компромитирани луѓе сочинувале околу 44 отсто од новите случаи на кои им е потребна хоспитализација.

Луѓето со ослабен имунолошки систем исто така имаат поголема веројатност да го пренесат вирусот на луѓе кои биле во близок контакт со нив.

Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) исто така одобри дополнителни дози на сите три достапни вакцини за одредени луѓе, а тоа би вклучувало и имуно-компромитирани, стои во извештајот на CDC.

Истражувањата покажаа дека зголемената доза го подобрува одговорот на антителата на вакцината кај одредени имуно-компромитирани луѓе.

Ова ќе овозможи четврта доза најмалку шест месеци по завршувањето на третата доза на mRNA вакцина. Во овој момент, CDC се уште нема препорака за четврта вакцина. Луѓето треба да разговараат со своите лекари за да утврдат дали е потребно. А во оваа група на луѓе спаѓаат: со умерен до сериозно нарушен имунитет вклучувајќи ги и оние кои се на активен третман за рак или тумор, приматели на трансплантација на одредени органи и матични клетки, луѓе со напреднат или нетретиран ХИВ и оние кои земаат високи дози на кортикостероиди или други лекови кои можат да го потиснат нивниот имунолошки систем .

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!