Вие имате прво да ја знаете вистината

НАСА откри прва планета надвор од нашата галаксија, користеле посебна техника, дали тоа значи дека не сме сами?

Астронаутите пронајдоа назнаки на нешто што би можела да биде прва планета која кога било е откриена надвор од нашата галаксија.

Досега се пронајдени речиси 5.000 егзопланети – светови кои орбитираат околу ѕвездите надвор од нашето Сонце, но сите тие се лоцирани во нашата галаксијата Млечниот Пат.

Можен сигнал на планета кој го открил насиниот телескоп, Чандра се наоѓа во галаксијата Месиер 51, а тоа би преставувало прва откриена планета надвор од нашата галаксија.

Таа е оддалечен околу 28 милиони светлосни години од Млечниот Пат.

Овој нов резултат се заснова на транзити, каде што поминувањето на планетите пред ѕвезда блокира дел од осветленоста на ѕвездата и дава карактеристичен пад на светлината што може да се открие со телескопи. Оваа општа техника веќе е искористена за пронаоѓање на илјадници егзопланети.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!