Вие имате прво да ја знаете вистината

Наставничка имала секс со својот 14 годишен ученик! Се пофалила на пријателките дека учениците од училиште флертуваат со неа

Професорка од Велика Британија Фатина Хосеин (25) имала сексуални односи со еден од нејзините ученици. Наводно, на пријателите им се фалела дека учениците флертуваат со неа.

Фатина Хосеин минатата недела заврши во затвор поради заведување и сексуални односи со 14-годишно момче. Врската со ученикот од таква природа траела неколку месеци во училиште во Западен Сасекс.

Наводно Фатина им се пофалила на пријателите дека нејзините ученици се под влијание на хормони и дека постојано флертуваат со неа.

Знаете какви момчиња може да бидат во тие години кажуваше таа, мислевме дека сето тоа е шега, изјавува една нејзина пријателка.

Сега кога ќе погледнам наназад и знам што има направено, одвратно е. Знаеше да биде манипулативна и темпераментна, особено кога се чувствуваше нападната, додава нејзината пријателка во изјавата.

Во текот на судењето биле дадени детали за нејзината врска со ученикот, која траела со месеци, а таа на момчето му рекла дека е бремена кога се обидел да ја прекине врската. Страшно е и тоа што му понудила пари да не го пријави случајот во полиција.

Хосеин беше ослободена со кауција минатиот јуни, но откако беше пуштена од притвор, таа почна да ги малтретира момчето и неговото семејство за да ги принуди да ја прекинат тужбата.

Фатина користела низа лажни профили на социјалните мрежи преку кои ги заплашувала другите деца од училиштето за да се увери дека за случајот нема да разговараат со полицијата.

По поднесувањето на обвинението, таа заврши на суд во октомври 2020 година и се обиде да зароби член од семејството на момчето со кое имала афера. Таа правела лажни профили претставувајќи се како 14-годишно девојче и на тој начин се обидела да заведе член од семејството на момчето.

Фатина на крајот беше осудена на пет години затвор, а покрај тоа трајно беше ставена на листата на сексуални престапници во Велика Британија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!