Ова е пицеријата во Амстердам до која се стигнува само со брод, еве зошто туристите бараат место повеќе (фото)
Доколку некогаш се одлучите да го посетите Амстердам и да запловите низ градските канали, задолжително застанете кај малата пицерија Сан Марко, спуштете го сидрото и опуштете се со пијалок и малку вкусна храна.
Необичниот ресторан се наоѓа во близина на центарот, а до него се стигнува само преку вода.
Цените се исклучително поволни, а се нудат сокови, пиво, вино, како и пици, тестенини, салати и други јадења. Судејќи според прегледите на Trip Advisor, овој угостителски објект воодушеви огромен број посетители.
Освен што храната може да се консумира на чамци, достапна е и опцијата за достава до сите делови на Амстердам.
Ако во иднина патот ве носи во Амстердам – изнајмете брод, нарачајте пијалоци и храна и уживајте гледајќи ја атмосферата од околните улици и мостови.