Вие имате прво да ја знаете вистината

Шок за Приштина, повеќе од десет држави биле подготвени да го повлечат признавањето!? Игра на нерви околу Косово!?

Повеќе од десет земји се подготвени да ги преиспитаат своите одлуки за Косово и Метохија, изјави министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ.

За нас, оваа е година во која Србија, како мала, но горда земја, решена љубоморно да ја чува својата политичка независност и воена неутралност, беше принудена да се бори за своите интереси во сложено и проблематично политичко опкружување, рече Селаковиќ за Новости.

Да потсетиме, со договорот од Вашингтон потпишан во септември 2020 година, Косово вети дека ќе ги прекине напорите за приклучување кон меѓународните организации на 12 месеци, а Србија дека ќе ја прекине својата кампања меѓу државите за повлекување на нивното признавање на независноста на Косово.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно изјави дека доколку некој донесе одлука за признавање на Косово како независно, Србија веднаш ќе започне кампања за повлекување на признавањето.

Тоа се многу силни гаранции кои овие земји му ги дадоа на Белград. Иако официјално не се кажува за кои земји станува збор, пред се поради притисокот на кој би биле изложени поради ваквата одлука од САД, се претпоставува дека се работи за земји од Африка и Азија.

Извесно е дека на Приштина нема да и се допадне ова сценарио, но српскиот министер за надворешни работи уверува дека е речиси сигурно дека за неколку месеци ќе има нови повлекувања на признавањето.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!