Вие имате прво да ја знаете вистината

“Српскиот зет” го искритикува Мурињо-Не играв затоа што не го сака Гвардиола!

Српскиот зет Бастијан Швајнштајгер моментално ужива во спортска пензија по завршувањето на играчката кариера, но ужива и во бракот со некогаш најдобрата тенисерка на светот, Ана Ивановиќ.

Иако е во пензија, Германецот реши да се потсети на своите фудбалски денови, а во таа прилика го поткачи Жозе Мурињо.

https://www.instagram.com/p/CVfu-ocsCnX/

Легендата на Баерн Минхен се потсети на периодот кога на крајот од кариерата настапуваше за Манчестер Јунајтед, доаѓајќи од германскиот великан.

Таму соработуваше со Жозе Мурињо, но немаше голем успех. Помина малку време на теренот, па дури накратко беше префрлен во друга екипа.

Не сум играл многу кај него, за жал, но сепак го почитувам. Тој е одличен тренер кој освои многу трофеи, изјави Бастијан за Би-Би-Си.

Тоа беше чудна и тешка ситуација, бидејќи тој никогаш навистина не ми објасни зошто не играм. Можеби тоа беше затоа што играв кај Пеп Гвардиола и го играв фудбалот на Гвардиола, кој не го сака, изјави Германецот.

Тој откри дека Португалецот е потенцијално и причина за заминувањето на уште еден играч од клубот – Златан Ибрахимовиќ.

И покрај тоа, ми се допадна начинот на кој работеше Мурињо. Се разбира, стилот на игра е различен, мислам дека затоа Златан си замина. Не се работеше толку за фудбалот, туку дека беше многу директен. Но, тој беше успешен во своите клубови, тоа е се, тоа беше чудно чувство, заклучи Швајнштајгер.

Тој го напушти Јунајтед во март 2017 година, преселувајќи се во Чикаго Фајр, каде ја заврши својата играчка кариера.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!