Вие имате прво да ја знаете вистината

Ванеса Брајант се обидуваше да му се јави на Коби, но на телефонот и се појавуваше само RIP Kobe

Сопругата на починатиот Коби Брајант го тужи одделот на шерифот на округот на Лос Анџелес, за емоционална болка и негрижа за време на истрагата.

Ванеса Брајант се присети на трагичниот моментот кога дознала дека нејзиниот сопруг Коби и нивната 13-годишна ќерка Џана загинаа во хеликоптерска несреќа минатата година.

Трагедијата се случи во јануари 2020 година, во која загинаа уште седум лица, а сите заедно патуваа на кошаркарски натпревар.

Ванеса, која го тужи одделот на шерифот на округот на Лос Анџелес за нанесена душевна болка и негрижа за време на истрагата, при сведочењето откри дека пред некој да ја извести за смртта на нејзиниот сопруг и дете, таа прво дознала за веста преку социјалните мрежи.

Ванеса ја поднесе тужбата во септември минатата година, откако беше објавено дека службениците за прва помош наводно направиле и споделиле неовластени и вознемирувачки фотографии од човечки останки направени на местото на несреќата.

Како одговор на тужбата, адвокатите изјавија дека фотографиите „не се дадени на медиумите и не се објавени на Интернет“.

Сеќавајќи се на утрото на несреќата, Ванеса изјави дека нивната семејна помошничка била првата што и кажала дека се случила несреќа во која има пет преживеани.

Семејната помошничка немала вести за состојбата на Коби и Џиана и ја известила Ванеса за несреќата околу 11.30 часот, што е некаде во исто време кога TMZ јавно ја објави веста за смртта на Коби.      

Ја прашав дали Џиана и Коби се добро, а таа ми одговори дека не е сигурна. Таа не знаеше. Го држев телефонот затоа што очигледно се обидував да му се јавам на мојот сопруг, но сите известувања кои почнаа да ми се појавуваат на телефонот беа – „RIP Kobe“ – изјавила Ванеса во сведочењето.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!