Вие имате прво да ја знаете вистината

За Салах нема слободен ден!

Голманот на Ливерпул Адријан не ги штедеше зборовите за да го пофали својот соиграч Мохамед Салах.

Салах е во неверојатна форма. До сега зад своето име има запишано десет голови во лигата а на сите натпревари оваа сезона бројката е 15 голови.

Не знам што прават Роналдо и Меси, но знам колку е Салах посветен. Тој работи напорно. Никогаш нема слободен ден. Секогаш е на тренинг, дури и по неколку часови по натпреварите, изјави Шпанскиот голман Адријан додавајќи дека Египјанецот го залужува се тоа што му се случува.

Не е само среќата заслужна за неговиот резлутат. Тој е неверојатен. Заслужува се што му се случува. Тој е еден од најскромните момци кои ги познавам, а работи многу напорно, ја завраши својата изјава голманот на Ливерпул.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!