Вие имате прво да ја знаете вистината

135 роденден на симболот на Њујорк: Работи кои можеби не ги знаете за Статуата на слободата

На денешен ден пред 135 години, официјално беше отворена Статуата на слободата.

Таа се наоѓа на островот Либерти на устието на реката Хадсон во Њујорк. Официјално беше отворена на 28 октомври 1886 година.

Еве 15 интересни работи кои можеби не сте ги знаеле:

1. Целото име на статуата гласи Слободата го осветлува светот.

2. Статуата на слободата и е донирана на Америка од Франција во 1886 година.

3. Женската фигура ја претставува Либертас, римската божица на слободата. Во раката носи факел на кој е испишан датумот 4 јули 1776 година, што е датум кога е објавена Декларацијата за независност на САД

4. Од земјата до врвот на факелот, споменикот е висок 93 метри и тежок 204 тони.

5. Посетителите можат да се искачат до круната на статуата, до која водат 354 скалила и има 25 прозорци.

6. Триста парчиња од статуа од бакар беа транспортирани во Америка во 214 кутии со францускиот број Исере, кој за малку ќе потонеше поради невремето.

7. Внатрешната конструкција на Статуата на слободата ја дизајнирал Густав Ајфел, додека скулптор бил Фредерик Бартолди.

8. За изработка на бакарната конструкција биле користени 300 различни видови чекани

9. Оригиналниот факел на статуата бил заменет во 1984 година со нов, покриен со листови од 24-каратно злато.

10. Статуата е впишана на листата на светско наследство на УНЕСКО во 1984 година.

11. Научниците проценуваат дека Статуата на слободата ја погодуваат околу 600 громови секоја година.

12. Кога статуата за прв пат била подигната во 1886 година, таа била највисоката железна градба до тогаш изградена.

  1. Статуата на слободата стана симбол на имиграцијата во текот на втората половина на 19 век, бидејќи повеќе од 9 милиони луѓе потоа пристигнаа во САД, а статуата беше првата зграда што ја видоа.
  2. Островот на кој се наоѓа Статуата на слободата порано се нарекувал остров Бедлов остров, а во 1956 година го променил името во Островот на слободата.
  3. Статуата претрпе мала штета во 1916 година, кога германските саботери активираа експлозија за време на Првата светска војна. Најоштетена е раката што го носеше факелот, а поправката чинеше 100.000 долари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!