Вие имате прво да ја знаете вистината

Медиумите предупредуваат: Турција трупа војска, се подготвува да ги нападне Курдите

Турција распореди стотици војници во северна Сирија за да започне офанзива против курдските сили поддржани од САД, пишува Блумберг, повикувајќи се на официјални извори.

Планираната офанзива треба да затвори повеќе од две третини од границата меѓу Турција и Сирија, долга 910 километри – пишува Блумберг.

Се посочува дека Анкара има намера да ги окупира областите јужно од градот Кобане, со цел да ги обедини териториите западно и источно од реката Еуфрат, кои се под нејзина контрола.

Според написот, друга потенцијална цел на турските власти би можел да биде аеродромот Менаг, над кој Работничката партија на Курдистан, забранета во Турција, и сириските курдски сили за самоодбрана воспоставија контрола.

Потегот на Анкара би можел да му помогне на претседателот Реџеп Таип Ердоган да ја зајакне домашната поддршка и да изврши притисок врз САД и Русија да ги смират курдските сили, пишува Блумберг.

Претходно сириската агенција Сана, повикувајќи се на свои извори, објави дека турските војници префрлиле конвој од над 200 камиони со муниција, оружје и специјална опрема во провинцијата Идлиб на северот на Сирија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!