Вие имате прво да ја знаете вистината

Бугарка беше вербално линчувана во Скопје: Бугарскиот дневен весник Труд ја брани Данела Арсовска

Дали е лошо да си Бугарин во Македонија? Од тонот и пораките на официјалната прес-конференција на владејачката партија СДСМ на Зоран Заев во Северна Македонија, ова е лоша работа, пишува бугарскиот дневен лист Труд.

Според пишувањето на труд, на прес конференција во име на партијата се огласи пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, која открива голема „тајна“ – дека главната претендентка за градоначалничката фотелја во Скопје, Данела Арсовска има бугарско државјанство. Актуелниот градоначалник на главниот град Петар Шилегов, кој кај нас стана познат по тоа што е антибугарин и дека не дозволува заштита и контрола од вандалите на споменикот на Гоце Делчев во Скопје, бидејќи тоа е подарок од Бугарија, ќе се соочи во вториот круг на изборите во недела со независниот кандидат за градоначалник Данела Арсовска.

На огромен параван зад говорницата на Петровска, пишува Труд, беше проектиран указ за бугарско државјанство, но не на Данела Арсовска, туку на Даниела Арсовска. Дали се работи за Уредба за бугарско државјанство на дотичната жена, овде не разговараме. Исто така, не разговараме за тоа дека бугарското државјанство се добива со документ за бугарско потекло и ако Данела Арсовска и Даниела Аросовска се исто лице, тоа значи дека тоа лице дало документи за своите предци дека тие се декларирале и се чуствувале како Бугарите.

Со растреперен глас, коментира Труд, г-ѓа Петровска за медиумите кажа страшна и безобразна тајна, дека кандидатката за градоначалник во главниот град Скопје, Данела Арсовска, десет години имала резервна татковина! Револтираниот сопартиец од партијата на Зоран Заев прашува: За чив интерес е тоа, а категорично заклучува дека Арсовска не може да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен конзул на Унгарија, а тоа било класично потценување и навреда за Скопјани. Ставот на СДСМ го засилува уште еден „страшен“ факт од биографијата на Арсовска дека е поврзана со друга земја од ЕУ како почесен конзул на Република Унгарија.

Партискиот повик до превозбудените сопартијци, кои наводно сакаат да влезат во Европската Унија, завршува со жесток апел: „Да излеземе масовно на 31 октомври да гласаме, да се обединиме и да не дозволиме странските интереси да ни го водат главниот град Скопје, заклучува Труд.

Специјално за весникот Труд, претседателот на Фондацијата Македонија, Виктор Стојанов, коментираше дека во северна Македонија различни граѓани имаат владини функции, вклучително и Срби, но во Северна Македонија никогаш не било доведено во прашање дека Србите ги бранат странските интереси. Тоа не може ни на крај памет да им падне. Идеологијата од времето на комунистичка Југославија, дека Србите ни се браќа, а Бугарите наши непријатели, останува до денес, коментира Стојанов.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!