Вие имате прво да ја знаете вистината

Црн ден во Софија, за 24 часа починаа 54 лица од ковид-19, критично е во цела Бугарија

Вчера се потврдени 54 нови случаи на умрени од Ковид-19 во главниот бугарски град Софија. Тоа е најголемиот број смртни случаи дневно во Софија од почетокот на четвртиот бран на пандемијата во Бугарија.

Тоа на својот официјален Фејсбук профил го објави заменик градоначалникот за финансии и здравство на Софија, Дончо Барбалов.

Пациентите кои не успеаја да се изборат со коронавирусот и починаа од почетокот на октомври годинава се 785 лица, напиша тој.

https://www.facebook.com/dontcho.barbalov/posts/2966188300269646

Вкупниот број на хоспитализирани е 1757, од кои 269 граѓани на Софија се на одделенијата за интензивна нега, информираше Барбалов.

Инаку вчера во Бугарија биле евидентирани вкупно 5.643 со КОВИД-19, од кои 3.031 се откриени со PCR, а 2.612 со брзи антигенски тестови. 86,99 отсто од новопотврдените случаи во последните 24 часа се на лица кои не биле вакцинирани, покажуваат податоците на Единствениот информативен портал. Вчера починаа 154 лица од ковид-19 во цела Бугарија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!