Вие имате прво да ја знаете вистината

Хашим Тачи останува на “топол оброк” во Хаг, не е прифатена неговата жалба да биде пуштен на слобода

Тој не успеа да докаже зошто прелиминарната одлука била неразумна, кога станува збор за ризикот од неговото евентуално привремено ослободување.

Советот на Апелацискиот суд во Хаг ја одби жалбата на поранешниот лидер на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, против одлуката на судијата на претходна постапка за определување притвор, јавува Лајми.

Според пресудата, Тачи не успеал да докаже зошто прелиминарната одлука била неразумна, кога станува збор за ризикот за негово привремено ослободување.

Обвинението на Тачи беше потврдено на 26 октомври минатата година и го товари за воени злосторства и злосторства против човештвото, а во него се вклучени и Кадри Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи.

Сите се изјаснија за невини.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!