Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали ќе легнат на брашно? Иран се согласи да седне на тркалезна маса!? Што ќе биде бомбата што ја прават!?

ЕУ и светските сили се обидуваат да ги обноват разговорите со Иран во Виена за повторно активирање на договорот со Техеран од 2015 година.

Иран се согласи да ги продолжи разговорите со светските сили за својата нуклеарна програма од следниот месец, изјави денеска иранскиот заменик министер за надворешни работи Али Багери по состанокот со посредниците на ЕУ во Брисел.

Другите учесници во разговорите, директно и индиректно и Соединетите Американски Држави, допрва треба да го потврдат своето присуство на преговарачката маса.

Се согласуваме да ги започнеме преговорите пред крајот на ноември. Точниот датум ќе биде објавен во текот на следната недела – изјави Багери, кој е и главен ирански преговарач со ЕУ.

ЕУ и светските сили се обидуваат да ги обноват преговорите со Иран во Виена со цел повторно да го активираат договорот со Техеран од 2015 година.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдулахиан изјави дека Техеран ќе го „процени“ исходот од состанокот во Брисел пред да одреди фиксен датум за преговорите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!