Вие имате прво да ја знаете вистината

Јавниот превоз во Турција станува бесплатен за сите медицински лица

Јавниот превоз станува бесплатен за медицинските работници во Турција, јави БТА, повикувајќи се на турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

По наредба на претседателот Реџеп Таип Ердоган во врска со напорите на медицинските лица во борбата против пандемијата на Ковид-19, до крајот на годината патувањето со јавен превоз ќе биде бесплатно за сите здравствени работници. Одлуката за тоа беше објавена во турскиот државен весник.

На сите вработени во јавните и приватните болници, клиники и центри ќе им се издаваат бесплатни картички за јавен превоз со важност до 31 декември 2021 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!