Вие имате прво да ја знаете вистината

Ким ги повика Корејците да намалат со апетитот: Јадете помалку не чека тешка зима

Намалениот апетит треба да продолжи до 2025 година.
Пјонгјанг ја затвори границата со Кина на почетокот на пандемијата

Владата на Демократска Народна Република Кореја, предводена од диктаторот Ким Јонг Ун, ги повика граѓаните на земјата да почнат да јадат помалку, објави електронското издание на Дејли мејл.

Препораката содржи и временски услов за намалување на апетитот – 2025 година, кога се очекува земјата и официјално да ја отвори границата со Кина. Пјонгјанг еднострано одлучи да ги затвори копнените врски со Небесната империја уште во објавата на епидемијата на коронавирус на почетокот на 2020 година.

Сепак, овој чекор се покажа како практично фатален за економијата на Северна Кореја, која западна во сериозен недостиг на увезени кинески стоки и производи. Според азиски извори, цитирани од Дејли Мејл, недостигот на храна веќе предизвикува сериозни проблеми во животот на обичните Севернокорејци, од кои повеќето се загрижени за тоа како ќе ја поминат традиционално тешката зима на полуостровот.

Изгледите овие ограничувања да продолжат со години изгледаат уште поочајни, пишува весникот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!