Вие имате прво да ја знаете вистината

Корона-крузер пловеше по Дунав, никој не смее да го напушти бродот

Крузер од Германија, кој плови по Дунав, е ставен во карантин во Виена, поради откривање на голем кластер заразени со коронавирус.

Кризниот штаб на Виена соопшти дека на крузерот во кој има 178 патници биле пронајдени 80 лица кои се заразени. Сите патници и персоналот беа ставени во карантин и им беше наредено да не го напуштаат бродот.

Крузерот отплови до Пасау, а заразените патници беа откриени за време на тестот, кој беше спроведен за оние кои сакаа да го напуштат бродот за да шетаат низ Виена. Од Виенскиот кризен штаб посочуваат дека се работи на решение за патниците повторно да се вратат во Пасау.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!