Вие имате прво да ја знаете вистината

Гол во гости: Кристијано Роналдо очекува близнаци, засега е на бројката шест, за еден час 11 милиони лајкови (фото)

Кристијано Роналдо и негова понежна половина, Георгина Родригез очекуваат близнаци.

Денеска ѕвездата на Манчестер Јунајтед ја сподели радосната вест со својте следбенци на Инстаграм со фотографија во која тој и неговата понежна половина заедно лежат во креветот а во описот напишаа дека тој и Георгина очекуваат близнаци. Со ова 36 годишниот фудбалер ќе биде татко на шест деца.

Роналдо кој што ги на свет очекува своите две нови деца, на фотографијата со Георгина во описот напиша: Сакавме да ве известиме дека очекуваме близнаци, нашите срце се полни со љубов.

https://www.instagram.com/p/CVk29cSI-2E/?utm_source=ig_web_copy_link

Фотографијата ја сподели и аргентинската убавица на нејзиниот профил со истиот опис како Роналдо.

Неколку минути откако беше објавена фотографијата на профилот, коментираше мајката на Роналдо на истата: Нека моите внучиња се родат здрави и живи, тоа е единственито нешто што е важно.

Новиот пост со среќната вест на заљубениот пар за само еден час сруши рекорди, тие за помалку од 60-тина минути собраа повеќе од 11 милиони лајкови.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!