Вие имате прво да ја знаете вистината

Меркел во Атина, ќе има што да им каже на заминување

Германската канцеларка Ангела Меркел вечерва пристигнува во дводневна посета на Атина, објави електронското издание на весникот Прототема, потсетувајќи дека едно од последните патувања на германскиот лидер во земјата било на покана на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија.

За канцеларката патувањето во Грција е важен знак за блиска соработка меѓу двете земји во време на транзиција во Германија, иако Берлин очекува да ја продолжи својата посредничка улога, особено во грчко-турските односи, и во шолцовата ера.

Германскиот канцелар в петок пред пладне ќе биде примен од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, а веднаш ќе замине во палатата Максимос, каде ќе оствари работна средба со премиерот Киријакос Мицотакис – за билатералните односи, економската соработка, европските и меѓународните прашања. како бегалците. На крајот од средбата двајцата лидери ќе дадат заеднички изјави.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!