Вие имате прво да ја знаете вистината

На удар на ураганот, улиците претворени во реки, штетите се огромни, има жртви (видео)

Јужна Италија се подготвува за уште два дена разорни дождови и поплави додека силниот медитерански ураган наречен Медикен го опустоши овој регион.

Во невремето досега загинаа две лица, а сицилијанскиот функционер Нело Мусумечи потврди дека денеска изчезнало уште едно лице.

53-годишен маж загина кога неговото возило се заглави во најдојдената вода во Катанија, на источниот брег на Сицилија, јави АНСА.

Полицијата верува дека тој излегол од возилото и се обидел да побегне од надојдената вода, но не успеал, а неговото безживотно тело подоцна било пронајдено.

Во слична трагедија во неделата, 67-годишен маж го загуби животот во Катанија, откако неговиот автомобил беше заглавен во вода и кал, а по неговата сопруга се уште се трага.

Градоначалникот на Катанија, Салво Поглиезе ги повика жителите да останат дома ако е можно. Имавме два многу тешки дена и поминавме низ драматични моменти, рече Поглиезе.

Вели дека временските услови се подобруваат, но предупреди и на лоша прогноза за утре и задутре и дека состојбата е доста загрижувачка.

Црвени предупредувања се издадени на островот Сицилија и во регионот каде што се наоѓа градот Катанија, кој веќе цела недела е погоден од лошо време.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!