Вие имате прво да ја знаете вистината

Поради недостаток на сон имате поголем ризик да добиете грип

Истражувањата покажаа дека оние кои не спијат доволно имаат поголема веројатност да заболат од грип и разни вируси бидејќи им опаѓа имунитетот и стануваат почувствителни.

Одамна е познато колку спиењето е важно за правилно функционирање, концентрација, мотивација и успешно извршување на секојдневните обврски, но и покрај честите предупредувања и совети, луѓето не го почитуваат правилото да спијат околу 8 часа во денот за правилно функционирање на организмот, туку наместо тоа луѓето посветуваат време на гледајте серии до доцна во ноќта или излегување до доцна навечер.

Докторката Ребека Робинс објасни што се случува во мозокот кога му даваме само шест или помалку часа спиење, и како тоа може да направи голема разлика со само еден час повеќе спиење.

Ако спиете осум часа во една ноќ и го менувате ритамот во следните шест дена, всушност испраќате порака до вашиот мозок да се прилагоди на различна временска зона. Секој следен пат кога ќе одите во кревет, тоа станува предизвик и го збунува. Токсините што ги ослободува мозокот може да доведат до сериозни компликации и проблеми како на пример деменција, изјави докторката Ребека Робинс.

Исто така, истражувањата покажаа дека оние кои не спијат доволно имаат поголеми шанси да заболат од грип и разни вируси бидејќи имунитетот паѓа и луѓето стануваат почувствителни.

Да се ​​има точен распоред за одење во кревет и будење е клучно за одржување на добро здравје. Многу луѓе мислат овој фактор е битен само кај децата и дека само тие треба да имаат добра рутина за спиење, но тоа е неопходно и за возрасните.

Доктор Робинс предлага да не го користите телефонот пред спиење, туку да одвоите неколку минути за да медитирате и потоа да заспиете. Исто така, ако случајно се разбудите во текот на ноќта, не користете го телефонот. Обидете се да седнете и да правите повторно медитација.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!