Вие имате прво да ја знаете вистината

Порано професорка по историја, денес со профил на Онли фанс: Мојата убавина ги возбудува мажите, не можам да најдам работа (фото)

Ејми Купс (32) од Северна Каролина вели дека во неколку наврати се обидела да ја најде вистинската работа но ни и успеало.

Секое нејзино интервју за работа минува низ истото – доколку таа разговара со маж, тој едноставно не би можел да ги занемари нејзините згодни нози и тоа би го запрело секој понатамошен сериозен разговор. Таа тврди дека едноставно е „премногу згодна и секси и дека мажите не можат да разговараат со неа без да се возбудат“.

Порано работев како професор по историја. Меѓутоа, во еден момент моите колеги го открија мојот профил на платформата „Only Fans“ и останав без работа. Сега сум инфлуенсерка на Инстаграм, но сакам работа со работно време од 9 часот до 17 часот. Меѓутоа, изгледа тоа е невозможно затоа што мојата „Убавината само ги плаши машките претпоставени на работните позиции“. Отсекогаш сум имала многу проблеми бидејќи сум убава и згодна, но со текот на годините стекнав голема самодоверба и сега само ги „шармирам“ сите мажи, а тоа се случува и на интервју за работа, изјави Ејми.

Таа вели дека нејзиниот проблем трае со години, а не може ни да најде работа како продавачка.

Во еден разговор за работа како продавачка, менаџерот ме повика во неговата канцеларија. Кога влегов ме изгледа целата, почна да се поти и тресе и не можеше ни да помисли што да ме праша. На крајот рече дека мора да оди во тоалет, а кога стана, можеше да се види колку е возбуден. Кога се врати, ми рече дека не сум доволно квалификувана, но дека можам да одам и да бидам манекенка, за таму сигурно сум имала пропусница, додаде Ејми.

Иако го сака Инстаграмот и платформата за Only Fans, таа сака вистинска работа, здравствено осигурување и сите други неопходни работи.

Неодамна се обидов да се вработам во салон за автомобили. Еден од механичарите го премести автомобилот а од тоа што толку се загледа во мене го удри во ѕидот. Знам дека мажите губат свест поради мене, а јас уживав порано во тоа, но сега е голем проблем за мене. Меѓу другото јас сум паметна, но мажите тоа не го гледаат поради мојата убавина, изјави таа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!