Вие имате прво да ја знаете вистината

Русија лансираше беспилотен товарен брод во вселената!

Русија го лансираше првиот товарен беспилотен вселенски брод Progress MS-18 од вселенската база Бајконур во Казахстан кон Меѓународната вселенска станица (ISS).

Лансирањето од базата во Казахстан беше емитувано во живо на официјалната веб-страница на Руската Федерална вселенска агенција (РОС-КОСМОС).

Капсулата Progress MS-18 носи 560 килограми гориво, 420 литри вода за пиење и 1.490 килограми техничка опрема до вселенската станица. Се очекува таа да пристигне на ISS на 30 октомври.

ISS е формирана во соработка со РОС-КОСМОС, Американската вселенска агенција (NASA), Европската вселенска агенција (ESA), Канадската вселенска агенција (CSA) и Јапонската вселенска агенција (JAXA).

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!