Вие имате прво да ја знаете вистината

Руски хакери извршиле напад во над стотина компании со седиште во САД, објави Мајкрософт

Нападите се случија како дел од пошироката серија на напади во текот на летото, соопшти Мајкрософт, додавајќи дека известила 609 свои корисници кои биле нападнати во периодот од 1 јули до 19 октомври.

Агенција со седиште во Русија е одговорна за минатогодишниот масовен сајбер напад врз технолошката компанија SolarWinds, и нападите на стотици други компании и организации за време на последниот бран напади врз повеќе компјутерски системи со седиште во САД, соопшти Мајкрософт.

ИТ гигантот, во својот текст објавен на нивниот блогот на 24 октомври, наведува дека Нобелиум ги таргетирал „продавачите и давателите“ на т.н. cloud услуги во последниот бран на напади.

Нападите се случија како дел од поширока кампања на сајбер напади ова лето, соопшти Мајкрософт, додавајќи дека во периодот од 1 јули до 19 октомври информирал 609 свои корисници дека биле нападнати. Само мал процент од нападите биле успешни, изјавија од Мајкрософт за Њујорк Тајмс.

Оваа неодамнешна активност е уште еден показател дека Русија се обидува да добие долгорочен, систематски пристап до различни точки во синџирот на снабдување со технологија и да воспостави механизам за следење – за сега или во иднина за работи кои се важни за руската влада, стои во соопштението на Мајкрософт.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!