Вие имате прво да ја знаете вистината

Руските научници создадоа антитела за ковид-19, ги прават во централата во Сибир

Научниците од Институтот за молекуларна и клеточна биологија од Сибирската филијала на Руската академија на науките успеале да создадат неутрализирачки антитела на САРС-КоВ-2, кои успешно ги поминале лабораториските тестови и експерименти врз животни, објавија руските медиуми, повикувајќи се на објавеното во публикација Cell Discovery.

Воведувањето на неутрализирачки антитела во организмот се користи во борбата против неколку заразни болести, во случај на КОВИД-19 нивната концентрација во крвната плазма на пациентите не е доволна за да се спречи пренос од едно на друго лице. Затоа научниците се фокусираа на правење антитела во форма на поединечни молекули – таканаречени едноклеточни антитела добиени од Б-клетките на здрави пациенти.

Овие антитела се покажаа како исклучително ефикасни против САРС-КоВ-2, бидејќи можат да се борат против постоечките варијанти на коронавирус, и поединечно и во комбинација.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!