Вие имате прво да ја знаете вистината

Сиктер кафе за тренерот: Барселона го отпушти Роналд Куман

Роналд Куман повеќе не е тренер на Барселона, соопштија од клубот.

Претседателот Жоан Лапорта оваа одлука ја донесе по поразот од Рајо Ваљекано во средата навечер.

Куман ќе се збогува со играчите во четврток, а Барса е во потрага по нов тренер.

Оваа сезона Каталонците забележаа пет победи и порази со Холанѓанецот на клупата, заедно со три нерешени резултати во 13 натпревари.

Тие се само деветти во Ла Лига со 15 бода од десет кола, шест помалку од лидерот Реал, кој минатиот викенд славеше на Камп Ноу.

Покрај тоа, Барса загуби два од трите натпревари во Лигата на шампионите.

Куман ја води Барса од август 2020 година, а на 67 натпревари оствари 40 победи, со 16 порази и 11 нерешени.

По доаѓањето во Барса се откажа од Луис Суарез, а минатата сезона успеа да освои само еден трофеј, Купот на кралот.

Во меѓувреме Барса ја напушти и Лионел Меси …

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!