Убавата ќерка на Пеп Гвардиола, Марија е во љубовен триаголник.
Во последните неколку месеци британските медиуми на големо пишуваа дека фудбалерот на Тотенхем, Деле Али и Марија Гвардиола се забавуваат, но тој сега е виден со манекенката Никол Бери.
Да потсетиме, на почетокот на овој месец октомври Деле и Марија беа видени како се држат за рака и се бакнуваат. Иако Марија и Деле официјално ова не потврдија, медиумите објавија дека се заедно.
Како што открива САН, Деле Али неодамна бил забележан на вечера со манекенката Никол Бери, а фотографиите на кои тие двајца се држат за рака го обиколија светот.
Фудбалерот, инаку, неодамна раскина со супермоделот Руби, со која беше во врска пет години, а како причина за раскинувањето изјави дека, не обрнува премногу внимание не нејзе, затоа што премногу игра „Fortnight“.