Вие имате прво да ја знаете вистината

Веста дека Цеца го изгуби гласот загрижи многумина! Еве што се случува во телото во таков случај

Дали некогаш ви се има случило да ја отворите устата и да кажете нешто, а од грлото да се слушни само шепот и тивко зборување? Еве што се случува кога ќе го изгубите гласот, како што во моментот и се случува балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, па таа поради ова привремено се повлече од жирито на Ѕвездите на Гранд.

Засипнатоста или губењето на гласот е всушност последица на ларингитисот – силно воспаление на грлото поради кое ткивото што ги покрива гласните жици отекува. Според тоа, ова е симптом, а не болест само по себе, и може да укаже на каква било инфекција на горниот респираторен дел, вклучувајќи бронхитис или синузитис. Губењето на гласот може да биде предизвикано и од алергиите, поради кои постојано кашламе, но и од гласовно напорните професии како пеење, глума, па дури и работа во училиште или во центар за повици. Секое подолго викање или, да речеме, навивање на натпревари може да доведе до отекување на ткивото во грлото.

Оваа состојба обично трае неколку дена, но може да потрае и неколку недели, што значи дека дефинитивно треба да посетите доктор.

Најдобар лек за секој кој го изгубил гласот е да ги одмора гласните жици колку што може повеќе – да зборува тивко. Исто така, треба да избегнува ситуации во кои што другите гласно зборуваат, за да не дојде во ситуација да ги надзборува.

Хидратацијата е многу важна, па пациентот треба да пие многу вода, и да избегнува кофеин бидејќи тој предизвикува губење на течности.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!