Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Хрватска се воведува нов режим, сите болници прераснуваат во ковид центри! Ситуацијата пред ескалација

На вчерашната средба на експертската група задолжена за коронавирусот во хрватското Министерство за здравство, покрај зголемувањето на капацитетот за тестирање, договорен е и нов режим за работа на болниците.

Ова се должи на големиот пораст на бројот на новозаразени од Ковид 19. Според порталот Индекс, вчера во Хрватска се регистрирани 4.571 новозаразени од коронавирусот, а хоспитализирани се 1.207, од кои 153 пациенти се на респиратор, а 26 ја загубиле битката со вирусот и починале.

Денеска се регистрирани 4.154 новозаразени.

Со новиот режим, кој се воведува поради влошената епидемиолошка состојба, сите најголеми болници во Загреб стануваат болници за коронавируси односо ковид центри. Ова пред се значи отворање нови капацитети за пациенти болни од Ковид.

Зголемувањето на капацитетите на болниците мора целосно да се реализира најдоцна до понеделник.

Постигнат е договор за зголемување на изолационите капацитети во сите болници, а предложено е и отворање капацитети за пациенти со Ковид 19 и во останатите поголеми градови низ државата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!