Вие имате прво да ја знаете вистината

Москва пред експлозија, започнува ново заклучување од 11 дена!

Русија денеска објави нов рекорден број на дневни случаи со инфекција на коронавирус, како и смртни случаи, а поради тоа Москва започнува карантин во време траење од 11 дена за да спречи ширењето на заразата.

Земјата е една од најтешко погодените од пандемијата со корнавирусот во Европа, дополнително таа се бори и со ниски стапки на вакцинација и покрај тоа што држават развива неколку свои вакцини.

Во последните недели, дневниот број на нови случаи на ново заразени и смртни случаи беше најголем до сега од почетокот на пандемијата, а владата денеска објави нов рекорд од 40.096 ново заразени и 1.159 смртни случаи.

Властите ги избегнаа строгите карантини воведени во многу земји, но сега беа принудени да ги затворат сите ирелевантни служби во Москва со почеток од денеска се до 7 ноември.

Затворени се продавници, ресторани, спортски сали, дискотеки, училишта и градинки. Отворени се само продавници со храна, лекови и основни потреби за живот.

Само 32 отсто од руската популација досега е целосно вакцинирана, што преставува мал процент за држава како Русија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!