Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Шпанија е отворена соба за плачење, бројките се загрижувачки!

Во 2019 година во Шпанија се самоубиле 3.671 лице, што преставува втора најголема причина за смрт во државата.

Во една од зградите во центарот на Мадрид е отворена „La Lloreria“ или соба за плачење, како дел од проектот кој има за цел да ја нагласи важноста на менталното здравје и да стави крај на стигмата за одење кај психолог, што е се уште табу тема во многу општества.

Влезете и плачете – стои на една од таблите во овој специјално дизајниран простор. И јас сум вознемирен, вели друг розов знак во просторијата.

Во еден од аголите во собата има телефони со имиња на луѓе на кои посетителите можат да се јават доколку се нерасположени. А позади телефонските броеви се „крие“ психолог. Собата е отворена за сите, а целта на организаторите е да се отстрани стигмата во општеството која е поврзана со менталното здравје, плачењето и барањето помош.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!