Вие имате прво да ја знаете вистината

За доаѓањето на Чави на клупата на Барселона тимот ќе треба да испалти милионска отштета!

Очекувано нов тренер на Барселона ќе биде поранешниот капитен на познатиот каталонски клуб и репрезентацијата на Шпанија Чави Ернандез. Оваа вест ја објави каталонскиот Спорт кој исто така прв ја потврди информацијата за отказот на Роналд Куман. Наводно, двете страни веќе постигнале договор за нова соработка, која наскоро ќе биде и официјализирана.

Сепак, Чави нема да го преземе тимот веднаш, туку за време на ноемвриската репрезентативна пауза. Дотогаш Барселона ќе се соочи со Алавес, Динамо Киев и Селта а екипата ќе ја предводи Алберт Капелас кој го предводеше вториот тим на Барса и беше директор на славната Ла Масија, но и помошникот Жорди Кројф.

За доаѓањето на Чави, Барселона ќе треба да му плати на катарскиот Ел Сад излезна клаузула од 1.000.000 евра. Се споменуваше дека има клаузула за слободно заминување, но Мундо Депортиво пишува дека таа била избришана кога во мај бил потпишан новиот договор кои важи до 2023 година. Дополнително, поради добрите односи меѓу Барселона и Катар (не така одамна главниот спонзор на клубот беше авиокомпанијата Катар ервејс), Ел Сад не би требало да биде проблем за Каталонците.

Чави почна да се занимава со тренерство во 2019 година, а минатата сезона освои тројна круна во катарскиот фудбал. Под негово водство Ел Сад имаше 66 победи, 16 нерешени и 18 порази а гол разлика беше 273:126.

Каталонски Спорт пишува и дека во стручниот штаб ќе биде братот на Чави, Оскар, потоа помошникот од Катар Серхио Алегре како и физиотерапевтот Иван Торес

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!