Вие имате прво да ја знаете вистината

Рама се фали на фејсбук, повторно зборува за заедничка албанска држава, со Отворен Балкан Албанците ќе се обединеле

Албанскиот премиер Еди Рама вели дека Отворениот Балкан е идејата за иднината и дека обединувањето на Албанците ќе се случи само со помош на иднината, а не со гласовите на минатото.

Тој одговори на коментарот на Фејсбук, во кој еден од неговите следбеници напиша дека се согласува со неговата политика, освен со иницијативата Отворен Балкан.

Рама одговори дека сите што го вртат часовникот наназад се лажат себеси.

Часот на историјата оди напред. Отворениот Балкан е иднината, а обединувањето на Албанците се прави со алатките на иднината, а не со гласовите на минатото. Што се однесува до морето, можеме да бидеме многу мирни, бидејќи никој не може да го земе морето што ни го дал Господ, но мора да бидеме мудри, да создадеме поголема економија и просперитет од морето – рече Рама.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!