Вие имате прво да ја знаете вистината

На Санчез му претстои тешка битка да стави крај на шпанската секс индустрија во која се вртат 3,7 милијарди евра

Премиерот Педро Санчез се соочува со тежок предизвик да го исполни ветувањето за ревидирање на шпанските закони за проституција, со крајна цел да се искорени сексуалната работа која се проценува на 3,7 милијарди долари.

Неговата Социјалистичка работничка партија му даде поддршка на премиерот за планот за укинување на проституцијата.

Кога нешто е забрането, се појавува мафијата, предупреди Конкса Борел од единствениот синдикат на сексуалните работници.

Обидите да се елиминира проституцијата само ќе ја турка и онака маргинализираната индустрија во прегратките на подземјето, предупредува таа. Кога нешто е нелегално, секогаш има некој што ќе се обиде да заработи од тоа, предупредува Борел. Забраните тешко ќе се спроведат во земја која стана еден од најголемите светски центри на секс индустријата. Многумина во Шпанија не гледаат на укинувањето како на остварливо решение.

Во 1995 година, Шпанија го олабави законот за криминализирање на проституцијата, со цел да се олесни регулирањето. Оттогаш, индустријата напредуваше. Во 2016 година, ОН процениле дека тамошната сексуална индустрија вреди 3,7 милијарди евра. Се верува дека вработува околу 300.000 жени. Друг извештај на ОН проценува дека 39 отсто од мажите платиле за секс во текот на нивниот живот, многу повеќе отколку во повеќето европски земји.

Ваквите статистики ја зајакнаа политичката определба да се елиминира секс индустријата.

Потребен ни е модел кој се занимава со ужасната реалност на оваа земја. Ние сме најголем потрошувач на проституција во Европа и трет во светот – велат парламентарците на оваа земја.

Владиниот предлог-закон за сексуална слобода, за кој парламентот треба да расправа во наредните недели, вклучува мерки за понатамошна борба и прогон на оние кои користат имот или место за да ја олеснат сексуалната експлоатација на друго лице.

ОН од 2011 година ја наведува Шпанија како трет најголем центар за проституција во светот, зад Тајланд и Порторико. Повиците за ревизија на законот за проституција беа засилени со маките на голем број странски жени кои беа дел од трговијата за бело робје. Осумдесет проценти од овие жени се занимаваат со проституција под принуда, откако станале жртви на трговија со луѓе.

Сегашната разлика во законодавството меѓу Шпанија и околните земји објаснува зошто толку многу Французи се спуштаат во пограничниот град Ла Јонкера.

Овој каталонски град е дом на наводно најголемиот бордел во Европа. Многу слабо облечени жени се наоѓаат покрај патот. Поранешниот градоначалник ја опиша Ла Јонкера како бордел на Франција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!