Вие имате прво да ја знаете вистината

По 27 години тага и патење по својот син, почина таткото на Аиртон Сена

Таткото на легендарниот возач Аиртон Сена, Митон да Силва, почина на 94-годишна возраст во Сао Паоло, од природна смрт.

Силва наполни длабока старост, а 27 години го оплакуваше својот син, кој трагично загина на 1 мај 1994 година, по несреќата на Формула 1 трката во Имола на Големата награда на Сан Марино.

Аиртон Сена го носел презимето на неговата мајка, но беше многу поврзан со неговиот татко, кој одиграл важна улога во неговиот живот.

Таткото на Сена се надеваше дека неговиот син ќе се приклучи на семејниот бизнис во металургијата, градежништвото и сточарските фарми, но тој сепак ја препозна страста на неговиот син за мотоспортот и го поддржуваше од најраните денови на неговата кариера, прво во картинг, потоа во Формула Форд 1600, па се до патот до најсилното натпреварување во Формула 1, каде го изгради статусот на легенда и еден од најдобрите возачи на сите времиња.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!