Вие имате прво да ја знаете вистината

Познатиот руски лекар тврди: Нема лек за короната, вирусот не се лечи, туку компликациите кој тој ќе ги предизвика

Нема ефикасен препарат кој го лекува корона вирусот, изјави главниот лекар на најголемата инфективна болница во Москва (Комунарка), Денис Проценко.

За жал, треба да се признае дека нема права антивирусна терапија, не постои ефикасен препарат кој би го потиснал ширењето на вирусот. Терапијата се менува. За жал, вирусот не се лекува. Се лекуваат компликациите што ги предизвикува, изјави Проценко во интервју за телевизијата Русија 1.

Тој предупреди дека луѓето кои го преболеле Ковид 19 би можеле повторно да се заразат за шест месеци.

Затоа има јасни препораки од Министерството за здравство пациентите кои го надминале вирусот да се вакцинираат за шест месеци, рече докторот.

Многу е важно да се разбере дека вакцината не штити од инфекција. Инфекцијата може да се спречи со носење маска, додека вакцинацијата го подготвува телото, го подготвува имунолошкиот систем на телото да се соочи со вирусот. Затоа, сосема е јасно дека вакцинираниот пациент може да се разболи. Прашање е само како напредува болеста: асимптоматска, со благи симптоми, можеби и со хоспитализација. Сепак, тој процент е многу мал. Најголем дел од пациентите кои сега се во Комунарка не се вакцинирани, рече Проценко.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!