Вие имате прво да ја знаете вистината

Премиерот на Црна Гора планира земјотрес на политичката сцена, дали клановите и подземјето ќе му го дозволат тоа?

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ изјави дека размислува за формирање на Демохристијанска партија која би можела да помири два силни екстремизми.

Кривокапиќ гостувајќи во емисијата Аргументи на Црногорската телевизија изјави дека ваквата партија може да ја промени политичката слика во Црна Гора. Тој рече дека формирањето на добра партиска инфраструктура е исклучително тешка и напорна работа, па затоа не може да се посвети на разни активности кои треба да бидат важни за оваа држава.

Размислувам затоа што политичките партии секое утро го гледаат само својот рејтинг, тоа не ме интересира. Но, за да се промени политичката слика во Црна Гора, мора да има некоја силна центристичка партија. Тоа се покажа во сите истражувања и таа партија може да ги помири два силни екстремизми и на некој начин да ги поништи нивните постапки, рече Кривокапиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!