Вие имате прво да ја знаете вистината

Сите зборуваат за отказ на Солскјер, а клубот му фрла гума за спасување: Тие ќе спискаат 60 милиони фунти само за еден играч

Додека половина Европа зборува како на Оле Гунар Солскјер му се подготвува отказ поради лошите резултати на Манчестер Јунајтед, раководството на клубот како да не мисли така.

Напротив, тие како да сакаат да му помогнат со оглед на фактот дека подготвуваат засилувања на нови играчи, а еден од нив е англискиот репрезентативец, Келвин Филипс од Лидс Јунајтед.

Јунајтед за него би издвоил 60 милиони фунти, а оваа идеја не им се допаѓа на навивачите, пренесуваат англиските медиуми.

И Ливерпул го сака Филипс, но нуди само 30 милиони фунти за овој играч од средниот ред, па јасно е дека Јунајтед моментално е во водство.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!