Вие имате прво да ја знаете вистината

Тајната на собата 3327: Хотелот во кој живееше Никола Тесла се уште го чува неговото дело и неговите тајни

Речиси осум децении од смртта на еден од најголемите умови во светот, Никола Тесла, траен белег остана во хотелот Њујоркер, каде тој ги поминал последните десет години од својот живот.

На влезот во собите 3328 и 3327, кои некогаш, според братучедот на Тесла, Вилијам Тербо, биле недопрени благодарение на дополнителните врати во ходникот, кои веќе не постојат, има спомен плочки на кои пишува дека големиот пронаоѓач Никола Тесла живеел во овие соби од 1933 до 1943 година.

Во собите се наведени  и дел од неговите бројни пронајдоци, од кои, како што е наведено најважна е електраната кај водопадите Ниагара во Канада.

Њујорк е местото каде што Тесла живеел најдолго, покрај домот во неговото родно Смиљан, стои во хотелската документација во која велат дека сакаат да веруваат дека Тесла го избрал хотелот затоа што бил еден од најпознатите и најмодерни во тоа време.

Изграден е во 1930 година во препознатлив Арт Деко стил, хотелот е на 43 ката а располага со 2.500 соби, со сопствена електрана, која може да произведува струја за 30.000 луѓе.

Во хотелот Њујоркер често гостуваа во тоа време и Фидел Кастро, Френклин Рузвелт, Мухамед Али, Роберт Кенеди и многу други звучни имиња.

Њујоркер оценува дека Тесла бил еден од најнеобичните луѓе кои некогаш престојувале во хотел.

Во ходникот на 33-от кат кој води до делот каде што се наоѓале собите на Тесла, од Њујоркер со прекрасен поглед на Менхетен, има фотографии од Тесла, неговите изуми и многу други работи кои потсетуваат на неговото дело.

Покрај собите, споменот на Тесла се чува и во мал музеј во долниот дел на хотелот, каде што се изложени некои лични предмети што останале по смртта на Тесла, на некои од архивните фотогравии од хотелот се гледа дека кралот Петар II го посетувал во неговата соба. Исто така во архивот има и интересен факт дека тој подготвил вечера за српските боксери од Пенсилванија, а сите овие потсетувања имаат посебно значење во моментот кога во Њујорк се одбележува 140-годишнината од дипломатските односи помеѓу Србија и САД.

Во хотелската документација на хотелот Њујоркер беше акцентирано верувањето дека Тесла веројатно бил попознат од многу звучни имиња во тоа време како што се: Хари Форд, Ромас Алва Едисон и Гуглиелмо Маркони.

Тие кажуваат дека тој имал и бел гулаб, кој многу го сакал и дека секој ден пешачел до паркот Брајант, на патот до Библиотеката на Петтата авенија во Њујорк, за да може да ги храни своите гулаби.

Тие наведуваат и дека веднаш по неговата смрт надлежните служби му ги одзеле сите хартии и работи на Тесла, дека ги класифицирале под строго доверливо и дека содржината и денес останала мистерија.

Хотелскиот архивар изјави за списанието New Yorker дека постојат неколку категории на најчести гости кои сакаат да присуствуваат и да преспијат неколку ноќи во хотелот, а меѓу нив најчести се:

Истакнати политички фигури, електроинженери и технолошки ентузијасти, луѓе заинтересирани за НЛО, како и Хрвати и Срби. Ова се категориите на луѓе кои сакаат да го посетат и да спијат во хотелот во кој живеел познатиот Никола Тесла, стои во изјавата на архиварот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!