Вие имате прво да ја знаете вистината

ФДА ја одобри вакцината Фајзер за деца на возраст од 5 до 11 години

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) одобри вакцината Вајзер/Бионтек да се користи за деца на возраст од 5 до 11 години, пренесува Ројтерс.

Со оваа одлука, вакцината е достапна за 28 милиони американски деца, од кои многу се вратиле на училиште, објави Ројтерс.

Одлуката беше донесена откако советниците на ФДА со големо мнозинство гласаа за одобрување на употребата на вакцината за деца на таа возраст.

Водачите на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ќе се состанат следната недела за да дадат препораки за тоа како треба да се користи вакцината во таа возрасна група.

Само неколку земји во светот, вклучувајќи ги Кина, Куба и Обединетите Арапски Емирати, досега ја одобрија вакцинацијата на децата од оваа возраст и помладите.

ФДА одобри доза од 10 микрограми за деца на возраст од 5 до 11 години, што е помалку отколку за деца на возраст од 12 години и постари, кои примаат доза од 30 микрограми.

Фајзер и Бионтек претходно објавија дека нивната вакцина била 90,7 отсто ефикасна во клиничките испитувања на деца на возраст од 5 до 11 години.

Соединетите Американски Држави почнаа да вакцинираат луѓе на возраст од 12 до 17 години во мај.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!