Јапонска утринска диета која е ХИТ ВО СВЕТОТ: Појадувајте 7 дена и гледајте како килограмите се топат
Јапонската утринска диета со банана е креација на Сумико и Хитоши Ватанабе, кои имаат искуство во фармацевтско и медицинско образование. Сосема случајно наидоа на диетата, а откако ја објавија стана вистински хит во светот.
Основното правило на оваа диета е да појадувате банани со чаша вода на собна температура, пренесува Вечерњи лист.
Во основа, оваа диета е појадок кој се состои само од банани и чаша до две млаки води. За појадок, секое утро треба да јадете некаде помеѓу една и четири банани.

Другите оброци дневно треба да бидат здрави, лесни и регулирани, но не постојат посебни правила што и колку да се јаде.
Оригиналната диета со банана трае седум или 12 дена. Диетата со банани и вода бара единствениот пијалок што го консумирате да е млака вода. Можете да пиете чај или кафе понекогаш, но не се препорачува за оваа диета.
Последниот оброк треба да биде четири часа пред спиење, да спиете најмалку осум часа, а најдоцна да си легнете на полноќ.
За време на оваа диета максимално ограничете го алкохолот, кафето и тутунот, а забранети се и десертите.