Вие имате прво да ја знаете вистината

Оваа пејачка завршила два факултета! Сакала да биде амбасадор, но сепак победила љубовта кон музиката

Неда Украден е една од ретките пејачки која може да се пофали со дури две дипломи – англиски јазик и право.

Иако со ова знаење можела да работи разни работи, сепак нејзината љубов кон музиката победила.

Жал ми е што не се занимавав со тоа, но на некој начин ја исполнив мојата мисија. Сакав да бидам дипломат бидејќи дипломирав право и англиски јазик, што е добра комбинација за таква работа. Бидејќи не станав таков амбасадор, станав амбасадор на песните – изјави Неда за домашните медиуми непосредно пред еден свој настап.

Покрај нејзиниот неверојатен талент за музика, харизма и образование, Неда е и една од најценетите пејачки, која плени каде и да се појави дури и во осмата деценија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!