Вие имате прво да ја знаете вистината

Меркел сака да патува и да чита: Ќе има малку меланхолија но со мирна душа ја напуштам функцијата германски канцелар

Меркел рече дека сака „можеби малку да патува или да чита, или едноставно да ужива во слободното време знаејќи дека не може да се случи ненадеен пресврт во следните 20 минути“, објави денеска Франкфуртер алгемајне цајтунг, пренесува АП.

Канцеларката Меркел, која во 2018 година објави дека нема да се кандидира повторно на националните избори одржани минатиот месец, успешно ја водеше Германија низ кризи, вклучително и глобалната финансиска криза, мигрантската криза и пандемијата на коронавирус.

Можам да кажам дека е правилно некој друг да ги преземе должностите за канцелар – рече Меркел.

Минатиот месец во Германија се одржаа национални избори, а Социјалдемократите, Зелените и Слободните демократи во моментов преговараат за формирање коалициска влада.

Трите партии претходно овој месец објавија дека имаат за цел да го назначат следниот канцелар до почетокот на декември.

Вицеканцеларот во заминување Олаф Шолц, чии централно-левичарски социјалдемократи тесно победија на изборите, се чини дека има најголеми шанси да ја наследи Меркел.

До формирањето на идната влада Меркел ќе остане на чело на државата и денеска во тоа својство присуствува на самитот на Група 20 во Рим.

Меркел (67) рече дека чувствува благодарност што и служи на нацијата и дека со задоволство го гледа „долгиот, а во некои случаи и сложениот“ период на нејзиниот политички ангажман.

Можеби подоцна ќе дојде малку меланхолија, заклучи канцеларката.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!