Вие имате прво да ја знаете вистината

Си “замина” четвртиот сопруг на Ивана Трамп, бил тешко болен

Италијанскиот актер и модел Росано Рубиконди, четвртиот сопруг на Ивана Трамп, почина на 50-годишна возраст по тешко боледување.

Веста за смртта на Твитер ја објави италијанската ТВ водителка Симона Вентура.

Росано… Ти благодариме за патувањето низ кое поминавме заедно, за добрите и лошите времиња, за солзите и смеата и се што направивме заедно. Збогум! Почивај во мир, напиша Вентура.

Иако се уште не е откриена причината за неговата смрт, пишува Дејли мејл, италијански весник наведува дека Рубиконди изминатава година боледува од меланом, вид на рак на кожата.

Ивана Трамп, поранешната сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, не ја коментираше смртта на нејзиниот четврти сопруг.

Ивана и Росано беа во врска шест години пред да се венчаат во април 2008 година, кога тој имаше 36, а таа 59.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!