Вие имате прво да ја знаете вистината

Состојбата е надвор од контрола, земјата оди во граѓанска војна: Милион луѓе на улица, војската почна да убива (видео)

Две лица беа убиени во Судан поради протестите ширум земјата против воениот преврат. Опозицијата во Судан ги повика граѓаните да одржат милионски протест против воениот удар. Во понеделникот армијата на земјата го приведе суданскиот премиер Абдала Хамдок и неколку други членови на владата.

Ал Бурхан, кој е и шеф на Суданскиот Преоден суверен совет, прогласи вонредна состојба во земјата и ја распушти владата. Следниот ден беше објавено дека премиерот и неговата сопруга се вратиле дома. Во септември 2021 година, суданските власти објавија дека спречиле обид за воен удар, пренесува Sputnik International.

Во април 2019 година, Судан претрпе воен удар, предизвикан од протести во услови на длабока економска криза и пад на животниот стандард. Ал Башир, кој владееше 30 години, беше отстранет од власт и подоцна затворен.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!