Вие имате прво да ја знаете вистината

Туристите масовно доаѓаат на островот да го гледаа вулканот во живо и покрај силниот земјотрес

Канарскиот остров Ла Палма, каде што вулканот еруптираше пред 40 дена, денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала.

Љубопитните туристи продолжија да пристигнуваат за да го набљудуваат вулканот.

По ерупцијата на вулканот секојдневно се регистрираат земјотреси, но ова е најсилниот досега.

За време на викендот, по повод Денот на сите светци, во Ла Палма се очекуваат околу 10.000 посетители кои сакаат во живо да ја проследат сцената со ерупција на лава, јавуваат локалните медиуми.

Билетите за бродови и авиони за овој викенд се распродадени, објави локалната туристичка агенција.

Туризмот сочинува 20 отсто од БДП на островот, но откако вулканот еруптира на 19 септември, капацитетот на хотелите се намали од 70 отсто на 40 отсто. Денес, сепак, исполнетоста скокна на 90 проценти.

И додека некои пристигнуваат да му се восхитуваат на феноменот, други ги напуштија своите домови во подножјето на кратерот. Околу 7.000 жители мораа да се иселат од погодената област.

Лавата зафати површина од 941,5 хектари, но нема загинати или повредени.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!