Вие имате прво да ја знаете вистината

Бура во Евролигата: Газдата на Пао му се закани на Бартомеу дека ќе го стави во затвор

Последниот земјотрес во Евролигата предизвика голема бура, поради што остра реакција имаше сопственикот на грчки Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос.

Гркот уште еднаш се појави пред јавноста и без влакна на јазикот по којзнае кој пат удри по Евролигата и нејзиниот прв човек Жорди Бертомеу.

Поради неговите напади преку социјалните мрежи, Евролигата поведе постапка против Јанакопулос, бидејќи му пишувал закани на шпански бизнисмен со наводи дека ќе го стави во затвор.

Медиумите во Грција пишуваат дека Јанакопулос ќе мора да плати висока цена поради овие коментари, бидејќи ова не е прв пат да прави нешто такво.

Имено, Евролигата веќе неколку пати го казни сопственикот на Панатинаикос со 70.000 евра поради слични инциденти, па сега казната може да биде и поголема.

Дополнително, Евролигата отвори дисциплинска постапка против портпаролот на атинскиот великан, поради истите причини поради кои беше казнет Јанакопулос.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!