Вие имате прво да ја знаете вистината

Еди Рама: Обединувањето со Косово е поверојатно ако останеме надвор од ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама го коментираше обединувањето со Косово.

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека обединувањето со Косово е поверојатно ако останат без членство во Европската унија отколку по пристапувањето.

Рама во интервју за германскиот весник Меркур вели дека евентуалните конфликти на Западен Балкан би биле прекинати доколку земјите од регионот влезат во ЕУ. Како пример ја наведе Ирска.

Неодамнешните тензии на северот на Косово не можат да се споредат со тензиите од претходните времиња. Всушност, денес поранешните противници сакаат заедно да влезат во ЕУ. Воените конфликти настануваат кога државите се изолирани, а не во заедница. Сетете се на позитивниот развој што го донесоа француско-германските односи или случајот со Ирска. Ризикот ЕУ да внесе конфликт во нивните домови е речиси нула. Обединување со Косово? Ваквите ментални игри се многу поверојатни надвор од ЕУ отколку внатре во неа, рече Рама.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!